За д-р Билјана Ризеска Гијевска
д-р Билјана Ризеска Гијевска (д-р Bibi Rizes) е доктор по дентална медицина, дипломирана на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2011 година.
Основач е на брендот d-r Bibi Rizes, кој претставува синоним за индивидуален пристап, природна естетика и високи професионални стандарди во естетската и регенеративната медицина.
Со повеќе од 5.000 успешно изведени естетски интервенции, д-р Билјана е препознатлива по својата прецизност, нежен пристап – поради што пациентите често ја нарекуваат „д-р Bibi – лесна рака“ – и по природните резултати кои ја зачувуваат индивидуалноста на секое лице.
Нејзината експертиза во естетиката на усните резултира со создавање на авторската техника #3DContourTechnique, концепт за анатомско моделирање на усните кој овозможува природна форма, хармонични пропорции и долготрајни резултати. Како Teoxane Expert Macedonia, таа активно придонесува во развојот и примената на современи инјекциски техники.
Во 2024 година,
на покана на д-р Gisella Criollo Lamilla, д-р Patrick Trevidic и д-р Thibault Trevidic, д-р Билјана Ризеска Гијевска станува член на меѓународниот научен експертски тим ExSP2ExSP во Париз. Во рамките на оваа престижна научна заедница ја претставува својата авторска техника #CamouflageMedicalRizes, базирана на современите принципи на анатомска лицева хармонизација. Во 2025 година станува едукатор на Jalupro моќниот биоревитализатор со нејзината техника и принцип на природен лифт и потпора на лигаменти постигнува врвни резултати кои несебично ги споделува на своите едукации.Нејзиниот концепт е во согласност со најновите научни сознанија дека вистинската експертиза се темели на разбирање на динамичните структури на лицето, зачувување на природните пропорции и создавање хармонија и баланс, без нарушување на природниот изглед на пациентот.
Нејзината филозофија се темели на современите научни сознанија дека вистинскиот експерт не го менува лицето, туку ги разбира и следи неговите динамични анатомски структури, ги зачувува природните пропорции и создава хармонија, баланс и свежина, без да ја наруши индивидуалноста на пациентот.
Постојано инвестира во својата едукација преку меѓународни конгреси, мастер-класи и научни програми, со цел на своите пациенти да им понуди најсовремени, безбедни и научно поткрепени третмани.
Нејзината мисија е едноставна: да создава природна убавина која не се забележува како естетска интервенција, туку како најдобрата и најсвежа верзија на секој пациент.
Во периодот 2025–2026 година, д-р Билјана Ризеска Гијевска продолжува со своето континуирано професионално и академско усовршување во областа на денталната и естетската медицина.
Постојано инвестира во својата едукација преку меѓународни конгреси, мастер-класи и научни програми, со цел на своите пациенти да им понуди најсовремени, безбедни и научно поткрепени третмани.

Нејзината мисија е едноставна: да создава природна убавина која не се забележува како естетска интервенција, туку како најдобрата и најсвежа верзија на секој пациент.
Во периодот 2025–2026 година, д-р Билјана Ризеска Гијевска продолжува со своето континуирано професионално и академско усовршување во областа на денталната и естетската медицина. Во текот на овој период се стекнува со звањето специјалист по дентална медицина, а истовремено е на специјализација по орална хирургија при Катедрата за орална хирургија на Стоматолошкиот клинички центар, Факултетот за стоматологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со постојано следење на најновите научни достигнувања и современи клинички протоколи, таа ја надградува својата експертиза со цел на пациентите да им понуди највисоко ниво на стручност, безбедност и индивидуализирана грижа.










